Марија Груевска, пејачката по потекло од Битола, иако пред да се појави во „Ѕвездите на Гранд“ ја имаше и во македонски музички и реално шоу, а настапуваше и на „Макфест“, најголемото внимание го собра од сцената на „Гранд“.
Марија доста е активна на социјалните мрежи. Неодамна објави дел од снимањата во „Ѕвездите на Гранд“ , а нејзиниот перформанс го пофали и Јелена Карлеуша.
Емисијата во која настапува Марија се уште не се емитуваше на телевизија, но сигурно тоа ќе биде наскоро и таа ќе обзнани на социјалните мрежи.
Деновиве, се снимаше емисијата „Гранд специјал“ каде што Марија беше гостинка и овој пат со стајлингот ги собра сите погледи.
Таа на својот „Фесјбук“ објави фотографија од студиото. За ова прилика таа се одлучи за црна комбинација односно црно здолниште и корсет кои одлично и стојат на нејзината витка линија и ги истакна атрибутите.
Нејзините фанови, следбеници, ја опсипаа со коментари под објавата на фотографијата.Како Марија ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.