Живот и Стил

Вашиот дом нека мириса на поле со лаванда: Направете сами спреј за постелнина

Вашиот дом нека мириса на поле со лаванда: Направете сами спреј за постелнина

Есенцијалните масла се неисцрпен извор на прекрасни мириси и се составен дел на еколошките производи за нега на тело. Ако има нешто што навистина го сакаме во нашиот дом, тоа се мирисливите и чисти чаршафи во кои е вистинско задоволство да се вовлечеме по напорниот работен ден.

Освен правилниот начин на перење, користењето омекнувач без вишок хемикалии и пеглање на постелнината, постои и друг начин да ја додадете таа посебна нота на свежина во вашиот кревет. Станува збор за мирисливи вода што може да се искористи за прскање на алиштата и постелнината, а можете да ја направите и сами.

Потребен материјал:
40-50 капки есенцијално масло од лаванда
1/4 чаша вотка без вкус (може да се користи и изопропил алкохол)
приближно 800 милилитри дестилирана вода
мало шише со прскалка
стаклено шише за чување на спрејот

Постапка:
Измешајте ги вотката и есенцијалното масло од лаванда во стаклено шише.

Додајте ја дестилирана вода сè до врвот шишето.

Протресете го шишето за маслото да се распореди рамномерно. Наполнете го малото шише со прскалка со оваа мешавина и нежно протресете го пред секоја употреба.

Со оваа течност можете да попрскате сè: завеси, перници, крпи и сл. Нејзиниот мирис нема да биде премногу силен, без разлика на колку места сте попрскале во вашиот дом.

Оваа течност можете да ја користите и при перење на постелнината, додавајќи ја во фазата на плакнење.

Постелнината ќе има благ мирис на лаванда што ќе ви го олесни спиењето.

Водата со лаванда можете да ја користите и кога пеглате. Попрскајте ја облеката што ја пеглате со оваа мешавина и таа ќе мириса убаво.

Лавандата ги одбива мувите и другите инсекти, па искористете ја таа нејзина карактеристика и испрскајте го просторот околу прозорецот.

извор:кафепауза.мк

To top