Радио Милева „Среќо моја, гордост моја!“

Адријана Алачки со емотивна порака за ќерка си: „После седум месеци од мојот карантин се роди моето прво чедо“

Адријана Алачки со емотивна порака за ќерка си: „После седум месеци од мојот карантин се роди моето прво чедо“

Пејачката и ТВ водителка Адријана Алачки со години е домаќин на популарната кулинарска емисија „Вкусот на традицијата“ во која се негува традиционалната македонска кујна.

Во светот владее неубав период, односно период на пандемија, на карантини и полициски час за заштита од коронавирусот.

Адријана Алачки и во овие непријатни времиња има прекрасен, емотивен повод за славење, повод кој ја обележал за цел живот, а на овој ден се радува секоја година, односно станува збор за роденденот на нејзината ќерка. Имено, на вчерашниот ден (15.03.) пред неколку години таа ја роди Грациела, нејзиното прво чедо.

фото: фејсбук/адријана алачки

По тој повод, Адријана на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од неа и нејзината ќерка како детенце, а во описот напиша емотивна порака.

-Среќен роденден сонце мајкино. На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек. И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика..и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена..“, напиша Алачки покрај фотографиите.

фото: фејсбук/адријана алачки

По оваа објава, емотивната Алачки сподели уште една емотивна порака покрај фотографијата на која позира со нејзината наследничка.

-Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите нишани. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице… Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…Многу те сака мама! Среќо моја, гордост моја!“, пишува Алачки на „Фејсбук“.

фото: фејсбук/адријана алачки

Среќен роденден!

To top