Бидејќи нема подобри десерти од оние направени со наши напори, подолу издвоивме еден одличен рецепт што сигурно ќе ве освои на почетокот!
Потребни состојки:
220 гр пченично брашно тип 00 или тип 550
110 гр кокосово брашно
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
8 гр прашок за пециво
2 јајца
90 гр масло (кокосово или сончогледово)
30 гр млеко
прстофат сол
За глазура:
4-5 лажици ситен шеќер
4-5 лажици шеќер во прав
Начин на подготовка:
Во сад, измешајте го пченичното брашно, брашното од кокос, прашокот за пециво, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер и додадете две изматени јајца, млеко и стопено масло и измешајте со вилушка. Потоа рачно измесете го тестото. Тестото ќе биде малку лепливо (ако е премногу лепливо додадете уште една или две лажички брашно, но не претерувајте).
Од измесеното тесто откинете парчиња тесто со тежина од 12-13 гр и со дланките формирајте топчиња, кои прво ќе ги превртите во ситен шеќер, а потоа во многу шеќер во прав. Топчињата распоредете ги на плех покриен со хартија за печење, оставајќи простор од околу 3-4 см помеѓу секое топче, бидејќи тие малку ќе се рашират за време на печењето.
Ставете го плехот во загреана рерна на 180 °C и печете помеѓу 13-15 минути. Колачињата мора да останат целосно светли. Извадете ги од рерна и оставете да се оладат. Послужете веднаш или чувајте ги во херметички затворена кутија до 10 дена. Од овој рецепт ќе добиете околу 55-60 колачиња.
извор:кафе пауза.мк