Актерката Сања Вејновиќ пред неколку дена се соочила со тешка операција на слепо црево која можела да биде кобна бидејќи била на чекор до сепса, пишува српски Стори.
Со брза помош и тешки болки била пренесена во болница, а за ваквото лошо искуство се огласи и на Фејсбук.
-Од приемот на болничарот кој прв ме притисна на болното место, со реченицата дека најверојатно е слепо црево, почна процедурата. Доаѓа дежурната лекарка, која иако има симптоми дека е слепо црево, одлучува да направи низа прегледи, од гинеколошки, уролошки,интернистички, за да елиминира се друго. Од тој момент почна мојата ноќна мора, пишува актерката.
Сања на крајот му се заблагодари на докторот и сите пријатели кои биле до неа во ваквата ситуација.
Инаку, Сања вељановиќ е најпозната по улогата на Анѓа, како и новата улога на мајката на Соња во „Чиста љубов“.