Немаат само жените неверојатни искуства со онлајн купувањето на облека.
Жените понекогаш несовесно купуваат, но сепак судејќи според оваа објава ништо подобри не се ниту мажите.
Најурнебеснотo интернет купување кое што станало вирално, му се случило на маж – Дилан Еванс кој што самоуверено купувал онлајн панталони и очила за сонце.
Неодамна му било испорачано тоа, но сепак наместо нарачаното – добил долг црвен фустан.
Дилан ја споделил фотографијата потврдувајќи го неговото онлајн купување на кое што се гледаат платените артикли.
Покрај фотографијата, го објавил и фустанот кој што го добил, и ни повеќе ни помалку тој го облекол и се фотографирал.
Ayy @ASOS (I might be wrong) but, I’m pretty sure you’ve sent me the wrong order… pic.twitter.com/mFRTi3yg6T
— DYLAN EVANS (@MrDylanEvans) April 11, 2018
извор: точка.мк