Водителката Јована Стојменовиќ имате прилика секој ден да ја гледате во утринската програма „Ја сакам Македонија“.
Професионална, средена, расположена секогаш подготвена да ги води гледачите низ содржините на актуелните случувања.
Јована важи за вистинска дама, а освен на ТВ екраните некогаш имаме прилика да ја видиме и на модните писти, љубов која остана перманентна кај неа.
Водителката, како и многумина има свои профили на социјалните мрежи, а нејзините објави најчесто се поврзани со нејзината професија.
Меѓутоа, Јована некогаш знае да направи исклучок и да сподели фотографија од своите родители.
Така беше и овој пат, кога на својот „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка.Имено, двете дами позираат дотерени и средени, па не знае која од која е поубава.
Мајката на Јована е права дама, а нема сомнеж дека водителката од неа ја наследила убавината.
„Среќен роденден мама“, напиша Стојменовиќ покрај објавата.
View this post on Instagram
Под објавата се нижеа честитки, а редакцијата на вистина.ком.мк се приклучува кон пораките со убави мисли и желби за роденденот.