Количината е доволна за четири порции, може да ги јадете самостојно или пак како прилог во некое јадење.
Состојки:
– 8 поголеми компири;
– 30 до 60 грама путер;
– 80 милилитри кисела павлака;
– 1 млад кромид, ситно исечкан;
– свежо изрендано мускатно оревче;
– 50 грама изрендан чедар;
– сол и мелен црн бибер.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Компирите ставете ги на решетка во средина на рерната и печете ги околу 30 минути. Прободете го секој од компирите со вилушка, па печете уште 30 минути.
Извадете ги компирите од рерната и намалете ја температурата на 190 степени Целзиусови. Пресечете го компирот по средината, за да направите форма на бротче.
Извадете малку од компирот кој го исековте по средината, па истиот помешајте го со путерот и киселата павлака. Додајте го и младиот кромид, мускатното оревче и зачините.
Наполнете ги компирите со смесата, па одозгора ставете го чедарот. Премачкајте ги со останатиот дел од путерот и зачинете, па ставете ги повторно да се печат околу 20 минути.
извор: курир.мк