Радио Милева горда мајка

Драгана Мирковиќ по 20 години објави фотографија од синот и покажа во каков фраер пораснал Марко

Драгана Мирковиќ по 20 години објави фотографија од синот и покажа во каков фраер пораснал Марко

Српската пејачка Драгана Мирковиќ со години не ги покажува своите деца во јавност.

Имено, пејачката од бракот со Тони Бјелиќ има две деца синот Марко и ќерката Мануела.

Мирковиќ не ги објавува децата во медиумите, а како што истакна во една прилика, нивните деца изразиле желба да не се експонираат јавно.

Меѓутоа, неодамна Драгана не можеше да издржи и по 20 години објави фотографија од нејзиниот син и покажа во каков фраер пораснал.

„Најдраг мој Марко, среќен ти 20ти роденден“ , напиша пејачката покрај фотографијата од синот.

фото: принтсркин/инстаграм/драгана мирковиќ

Инаку, Мирковиќ исто така објави дека роденденот на синот поради пандемијата и забранетите собирања го славеле пет дена во нивниот дом.

„Поради забраната за собирања и строгите мерки во Австрија, роденденот на Марко го славевме како Ивкова слава, 5 дена. Но, се за тебе лаве мој, те сака мама“, напиша Мирковиќ во објавата и покажа како го декорирала домот за роденденот на синот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

To top