Живот и Стил

„CNN“ објави: 7 земји кои ги отвораат границите за вакцинирани туристи

„CNN“ објави: 7 земји кои ги отвораат границите за вакцинирани туристи

Секој ден во светот има сè повеќе вакцинирани луѓе, а експертите и јавноста се надеваат дека ситуацијата со пандемијата наскоро ќе се смири.

Некои од земјите веќе се подготвуваат за отворање на границите или пак попуштање на мерките за заштита за туристите кои што ја примиле вакцината против коронавирусот.

Порталот „CNN Edition“ објави список од 7 земји кои што сакаат побрзо да ги отворат границите или пак да ги попуштат мерките за заштита за вакцинираните туристи.

Ова е листата:

Кипар

Веќе во месец декември Кипар беше единствената земја која што објави дека вакцинираните туристи ќе можат да влезат во нивната земја без карантин. Посетителите кои што ќе приложат доказ дека ги примиле двете дози од вакцината нема да мора да имаат негативен ПЦР тест. Меѓутоа, условот веројатно ќе важи за земјите кои што се на сигурната листа за Кипар. Олабавување на мерките по доаѓањето во Кипар би требало да стапи на сила на први март, но властите сè уште не ја потврдиле одлуката. Моментално, при влегување во таа земја, мора да покажете негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак да направите тест на аеродромот. Потоа следи двонеделен карантин во сместување одобрено од државата.

Естонија

Естонија го укина задолжителниот карантин не само за вакцинираните туристи туку и за оние кои што прележале ковид-19 во последните 6 месеци. Меѓутоа, туристите мора да приложат лекарско уверение и негативен ПЦР тест. Покрај тоа, Естонија ќе ги прифати туристите кои што ја примиле било која од деветте вакцини. Моментално таму патниците кои што ќе пристигнат мора да бидат во задолжителет двонеделен карантин, а притоа мора да приложат и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Грузија

Грузија исто така одлучила да ги отвори границите за вакцинираните туристи. Патниците кои што примиле две дози од вакцината против ковид-19 ќе можат да влезат во земјата без негативен ПЦР тест. Невакцинираните туристи ќе мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, а покрај тоа ќе мора да направат уште еден тест на свој трошок, 3 дена по влегувањето во земјата.

Исланд

Исланд планира да ги отвори границите на 1 мај. Правилото ќе важи за вакцинираните туристи од земјите на ЕУ, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија кои што нема да бидат обврзани да поминат карантин или пак да приложат негативен ПЦР тест. Досега тоа требало да важи само за патниците кои што примиле две дози од 3-те вакцини кои што ги одобри ЕУ. Невакцинираните туристи мора да приложат негативен ПЦР тест при влегување во земјата, а потоа да поминат 5-6 дена во карантин, пред да го направат наредниот тест.

Полска

Полска ги отвори своите граници за вакцинираните туристи уште од 28 декември. Туристите од ЕУ со потврда за вакцинација нема да мора да поминат задолжителен 10-дневен карантин.

Романија

Мерките за вакцинираните патници Романија ги објави на 18 јануари. Со тоа се елиминира обврската за задолжителен карантин при влез во земјата. Меѓутоа, патниците мора да докажат дека примиле две дози од вакцината. Земјите кои што се наоѓаат во т.н. „жолта зона“ обврзани се на 14-дневен карантин при влез во земјата. Оние кои што имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа обврзани се на 10-дневна изолација при влез во земјата.

Сејшели

Тие исто така одобрија влез за вакциниринате патници, веќе од јануари. Значи, таквите патници не мора да поминат 10-дневен карантин, но сепак мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Патниците од листата на Сејшели од категорија 1 и 2, како и оние кои што доаѓаат со приватни авиони, мора да приложат негативен ПЦР тест и да поминат 10-дневна изолација.

извoр: точка.мк

To top