Смутито коешто го пие пејачката е богат со влакна, протеини и омега-3 масни киселини и може слободно да се користи и како замена за оброк.
Поп ѕвездата Џенифер Лопез го откри својот рецепт за енергија по којшто посегнува секогаш кога ќе се врати исцрпена од своите турнеи. Се работи за сосема природен и исклучително здрав напиток.
Смутито се состои од протеини во прав, банана, спанаќ, млеко, ориз и путер од сончоглед (како алтернатива за путерот од кикиритки).
– Со текот на времето сфатив дека тоа што вообичаено го јадам едноставно не ми дава доволно енергија. Истата храна им ја давав и на децата. Помислив, дали е тоа добро за нив? Бев подготвена да пробам и нешто поинакво… Ова смути има свеж вкус, а со него правите нешто исклучително добро за вашиот организам. Разликата е огромна, изјавила Џенифер во интервјуто за магазинот People.
Смутито коешто го пие Џенифер Лопез е исклучително богато со влакна, протеини и омега-3 масни киселини и може да се користи дури и како замена за оброк, објаснува фитнес тренерот Марко Боргес.
Овој рецепт дефинитивно вреди да го испробате, а вашето искуство потоа споделете го и со нас.
извор: курир.мк