Бракот на најпознатата старлета во светот Ким Кардашијан и познатио рапер Кање Вест е на самиот раб на опстојување.Светски познатата старлета и нејзиниот сопруг, одлучија да го прекинат бракот, за кој се шпекулираше, а сега е потврдено и откако странските медиуми објавија дека Ким поднела барање за развод.
Целата ситуација околу разводот стана крајно смешна за американската јавност по објавувањето на причините за разводот на Ким.Минатата недела медиумите во Лос Анџелес објавија дека старлетата е таа што поднела барање до Врховниот суд таму, но не се познати детали.Сега, во медиумите се појавија поединости што Ким ги наведува како причина за разводот, а тоа се: употреба на сомнителни супстанции, среброљубие и верувале или не – баналност.
Не се знае точно што ја натерало Кардашијан да ја наведе баналноста како причина да се разведе од раперот, но корисниците на Твитер многу се забавуваа поради тоа со свои објави од типот: „Да пукнеш, не изнасмеа…“, во кои ја направија резил старлетата.
Фото: Инстаграм принтскрин/kimkardashian