Радио Милева Остра реакција

„Јас не бев поп, па станав пејач, занеше со кого влегува во врска“: Дарко Лазиќ бурно реагираше на критиките на свршеницата Марина

„Јас не бев поп, па станав пејач, занеше со кого влегува во врска“: Дарко Лазиќ бурно реагираше на критиките на свршеницата Марина

Во последното интервју, Марина Гагиќ го критикуваше својот свршеник, пејачот Дарко Лазиќ, а тој не молчеше на овие јавно изнесени приговори.

Имено, свршеницата на пејачот истакна дека друштвото на Лазиќ е поважно од неговото семејство.

– Дарко е добар, но тој посветува премногу време и внимание на неважни луѓе. Мене ми пречи што постојано гледа неважни луѓе, и дека се дружи со сите. „ Кај мене за разлика од него, се знае приоритетот – тој и семејството“, рече Марина, а пренесе „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina❤ (@marinagagic_)

– Не ме интересира толку многу општеството. Јас сум многу поразлична од него – додаде Гагиќ, на што Дарко одговори:

– Не бев поп, па станав пејач. Таа знаеше со кого е во врска. Вистината е дека можам да функционирам со секого и во тоа ја гледам мојата величина. На крајот, не би бил со тие луѓе ако не ми беше убаво, возврати пејачот јавно кон ставот на својата партнерка.

To top