Доколку пред неколку години би се телепортирале директно во 2021 година, секако би биле збунети од пандемијата, но сигурно би ве изненадила и сеприсутноста на зелената боја.
И тоа онаа најосновната, интензивно зелена нијанса по која децата задолжително посегнуваат кога сакаат да ја обојат тревата на цртежот со фломастер. Оваа сезона живееме во техноколор: зелената, сината, жолтата и пинк нијансата се издвојуваат како задолжителни бои. И додека имавме прилика да ги видиме кралско сината, Барби розовата и сончевата жолта во претходните модни комбинации, зелената нè изненади.
Модниот свет е опседнат со оваа боја, а кој е „виновен“ за тоа?
Секако дека „Daniel Lee“ и „Bottega Veneta“ имаат директна врска со „позеленување“ на модниот свет – токму во оваа боја се кутиите и ќесите на брендот, а зелени се и најпопуларните модели на чанти: The Pouch“, „Cassette“ (која е апсолутно насекаде) и „Jodie“. Исто така, нивните најпопуларни чизми оваа зима – „The Tire Boots“ добија впечатливи зелени ѓонови.
Дали е ова доволно за официјално да прогласиме тренд?
Да го додадеме на тоа и фактот дека и „The Attico“ сега во понудата вклучи „отровно“ зелени сандали и папучи со кои најавија пролет во вибрантни бои.
View this post on Instagram
Но, како всушност да ја носите оваа боја?
Трикот е да одберете една боја и да се држите до неа, и тоа најчесто во комбинација со црна за да се постигне целосен ефект. Опција е и комплет тренирка во Кермит зелена боја, затоа спремете се за љубопитните погледи и изгледајте кул.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: кармин.точка.мк