Живот и Стил

10 едноставни методи да му помогнете на вашето дете да изгради самодоверба

10 едноставни методи да му помогнете на вашето дете да изгради самодоверба

Поминуваме многу време трудејќи се да изградиме добри и одговорни личности од нашите деца, но колку време сме посветени на градењето на нивната самодоверба? Ви откриваме едноставни начини како да го направите ова.

Кога го анализираме родителскиот пристап кон децата, мораме да се погрижиме дa не исполнуваме премногу простор правејќи ги работите кои тие самите треба да ги направат за да се изградат како независни и способни личности. Тука започнува градењето на самодовербата и тоа во што порана фаза од животот.

Сите родители имаат природна потреба да му помогнат на своето дете, но она што всушност не го забележуваме е дека границата помеѓу обезбедувањето на помош и спречување на напредокот во сопственото градење на личноста кај детето која е многу мала.

Подобрете ја вашата техника и поттикнете го развојот на самодовербата на вашето дете, бидејќи ова е многу важен чекор за градење на неговата личност:

1. Никогаш немојте да се смеете на неговите идеи

Децата сакаат да бидат сфатени сериозно исто колку и возрасните. Кога добиваат впечаток дека им се потсмевате или им се смеете во лице, нивниот одбранбен механизам ќе резултира со гнев, повлекување или губење на желбата да ги споделат своите идеи поради страв дека повторно ќе бидат третирани на ист начин. Децата го гледаат светот поинаку од возрасните. Ќе бидете изненадени што ќе слушнете кога ќе му покажете на вашето дете дека навистина го слушате и сериозно ги разбирате неговите идеи.

2. Запознајте ги со новата средина

Дозволете му на вашето дете да присуствува на вашиот друштвен собир ако сака да оди со вас. Новата средина ќе ви даде можност да дознаете колку вашето дете е прилагодено на непознато опкружување, кое исто така е неопходно за да се изгради неговата самодоверба. Најдобар начин да се постигне повисоко ниво на самодоверба е да се изложи на непозната средина.

3. Запишете го на часови за музички инструменти

Иако форсирањето на сопствените интереси и хобија на децата не е толку пожелно, свирењето на музички инструмент е исклучок. Тоа носи толку многу позитивни работи во менталниот развој на детето што едноставно не може да се игнорира. Кога детето ќе добие доволна возраст и ментална зрелост да може да научи да свири на инструментот, дефинитивно треба да му го приуштите тоа. Свирењето на инструмент помага да се намали стресот кај децата и истовремено гради самодоверба на сериозен начин.

4. Вклучете го во кујнските активности

Иако многу деца повеќе се заинтересирани за одредено јадење повеќе отколку за подготовката на овој оброк, ќе бидете изненадени колку искуството во кујната може да го промени нивниот став во врска со храната. Вклучете го вашето дете во кујната со давањето на улога, нека ви биде помошник готвач за почеток, ќе видите дека потоа само ќе ја покаже иницијативата да биде мал помошник, особено кога ќе го пофалите на крајот од подготовката на јадењето.

5. Прославете го неговиот успех

Како и сите живи суштества и децата сакаат да добијат пофалби и награди за нивните напори и достигнувања. Но, многу е поважно да се разбере поентата на победата, сакате да испратите порака до вашите деца дека вложениот напор и труд во животот секогаш се исплати и дека многу може да се постигне со постојано инвестирање во себе.

6. Научете и Вие нешто од нив

Ништо нема да го направи вашето дете посреќно од вашата љубопитност и внимание. Во ситуациите каде што сакате вашето дете да знае дека знае нешто што не го знаете, ставете го во супериорна позиција, секогаш ставајте се во позиција веднаш под нив за да ги известите дека сега се наставници. Охрабрете ги да го споделат своето знаење со вас, ова ќе ги наполни со неверојатна гордост и самодоверба.

7. Поттикнете ја нивната креативност

Многу луѓе го минуваат својот живот убедени дека не се креативни, првенствено затоа што никој не ги охрабрил на ваков начин. Поттикнете го детето додека ја читате приказната пред да спиете, прашајте го што мисли како приказната ќе продолжи. Неговите очи ќе се отворат, едноставните прашања како овие се неверојатни делови од нашата личност, кои инаку ќе останат неоткриени длабоко во нас.

8. Покажете ја вашата самодоверба во секоја ситуација

Се подразбира често запоставена ставка. Признале или не, ние сме најголемиот пример за нашите деца. Како можеме да очекуваме нашите деца да изградат самодоверба кога личноста на која се угледуваат ја нема?

9. Поттикнете ги да разговараат за нивните проблеми

Ако вашето дете често го врти погледот кога ќе го погледнете во очи, многу е веројатно дека зад тоа има сериозна причина. Едноставниот начин да пријдете е да поминете време со него после работа, за да ја одредите причината за неговиот гнев или тага. Со ова ќе покажете дека навистина се грижите за нивното мислење, кое гради одредена стабилност во односот со детето.

10. Дозволете им да погрешат

Лесно е да се успее, но соочувањето со грешките не е лесна задача, особено кога не сте навикнати на тоа. За да го навикнете вашето дете на ова, мора да му дозволите да ја доживее грешката неколку пати. Грешењето за време на растењето, на пример: Учење како се вози велосипед без помошни тркала може најпрво да ги налути, но многу е важно да им дозволите сами да ги препознаат своите грешки и да се потрудат сами за себе. Само така ќе успеат да станат успешни луѓе.

 

 

To top