Водителката Александра Илиевска која публиката ја памти по кулинарското шоу „Брза Кујна“ за првпат се реалзираше во улогата на мајка.
Имено, Александра и нејзиниот сопруг Александар Илиевски на 23.01.2021 добија ќерка за која го одбраа името Сара.
Радосните вести на социјалните мрежи ги обелодени Илиевска која неколку дена по породувањето им се заблагодари на сите на честитките и подароците за новиот член на семејството.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-porodi-aleksandra-ilievska-a-eve-koe-ime-go-odbra-za-naslednichkata-foto/
Александра сега позираше покрај наследничката, а во описот напиша емотивна фотографија.
Имено, водителката во кусите приказни на „Инстаграм“, објави фотографија на која е во авотомобил заедно со сопругот Александар, таа со ќеркичката која не ја покажа.
„Најмагичен ден во мојот живот е денот кога станав мајка“, напиша Илиевска.
Потсетуваме, Александра во 2016 година заплива во брачните води со сопругот Александар Илиевски.