ОВЕН
На работа ќе бидете незадоволни. Оптоварени сте, а голем придонес има и фактот дека не го работите она што го сакате. Нагласена е појава на значајна личност во вашето опкружување, која ќе побуди емоции. Чувајте се од настинка.
БИК
Бидете малку повеќе заинтересирани за работа. Со трпение ќе може да надминете некои непријатни ситуации со кои се соочувате. Тешко ќе останете осамени, со оглед дека вашите квалитети шарм, елоквенција, елеганција и нормално – убавина. Внимавајте на општото здравје.
БЛИЗНАЦИ
Ќе добиете убава понуда. Личност од работната околина ќе ви даде предлог кој ќе го прифатите. Некои емоции сте ги криеле, но тие стануваат очигледни. Внимавајте на настинка.
РАК
Штедливи сте, па потрудете се и денеска максимално да се воздржите од трошење, затоа што постои голема можност за непланирани трошоци.: Ќе ве привлече личност од вашето опкружување, за која некое време сте успевале да ја криете својата заинтересираност. Очекувајте мигрена.
ЛАВ
На работа ве очекува неизвезност и напнатост. Се надевате на важни вести кои се однесуваат на решавање на вашите финансии. Ако сте во врска, може да ги исправите грешките, кои сами сте ги направиле со претерено задоволување на своите потреби, а партнерот поради тоа сте го запоставиле. Одговорно користете ја терапијата која ќе ви биде препишана.
ДЕВИЦА
Низ работа ќе се покажете како одговорен и достоен за она што го работите. Очекувајте позитивен одговор и успех. Конечно, сте наишле на личност која во целост ве прифаќа и нема никаква замерка на вашиот темперамент. Регулирајте ја исхраната, обратете се на нутриционист.
ВАГА
Финансиите ги следат сите резултати, па немате причина за загриженост. Невработените ваги ќе добијат работа која некое време ја чекаат. Со вашиот љубовен живот се е во ред, недостасува само малку возбуда. Проблеми со очите се можни.
ШКОРПИЈА
Преку едно пријателство ги остварувате своите желби и добивате место кое ви одговара и за кое сте се школувале. Ви се „насмевнува“ љубов и тоа под необични околности. Можни стомачни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Презафатени сте со работи. Имате на ум многу планови, но нема да успеете сите да ги реализирате. Не работете ништо однапред, туку само тоа што ви е заостанато. Ќе уживате во разбирање и во поддршката на партнерот. Најдете време за здравјето, затоа што долго време не сте биле на преглед.
ЈАРЕЦ
Не е време за големи амбиции, на кои сте навикнале, туку на стагнација на работното поле. Ова е важно за оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Личноста која во минатиот период го имала вашето внимание, може да ја превземе иницијативата. Посетете лекар доколку ве боли стомакот.
ВОДОЛИЈА
Не вложувајте во нови работи и не носете било какви одлуки. Поместете ги сите термини за подоцна. Ќе се појави личност која ќе ви ја врати вербата во љубов. Прекинете со пушење цигари.
РИБИ
Немојте вашите финансиски загуби да доведат до очајување, затоа што ова е само моментална ситуација. Ќе добиете понуда за усовршување на една работа. Прифатете го за да напредувате. Ако сте во врска, можеби ќе се одлучите да ја официјализирате, а слободните Риби нека уживаат во страст и исполнет ден. Стомачни тегоби се можни.
извор:нетпрес.ком.мк