Живот и Стил

Зошто децата повеќе сакаат YouTube од телевизија?

Зошто децата повеќе сакаат YouTube од телевизија?

Кога станува збор за забавната содржина за деца, во денешно време не е како што било некогаш. На децата не им недостига избор, а технологијата има значително влијание врз нивниот живот. Тоа што многу родители го забележуваат е дека децата преферираат YouTube пред класична телевизија, пишува Guardian.

Во реалноста, овие две платформи на некој начин се спојуваат. Телевизиските емисии кои се емитуваат на ТВ може да се најдат и на YouTube, но овој сервис на децата им е попривлечен од неколку причини.

Кога детето користи YouTube за гледање содржини, тоа контролира што гледа. Кога гледа телевизиски канал, мора да го гледа тоа што се прикажува.

Со помош на YouTube, децата можат да бираат што сакаат да гледаат. Ако им стане досаден еден цртан филм, може да го променат и да гледаат друг за една секунда.

Освен тоа, пристапот дo YouTube е многу лесен. Според Mercury News, денешните деца добиваат смартфон просечно на 11 или 12 години. Со оглед на тоа дека можеби и порано поседуваат таблет, лесно можат да пристапат на YouTube. Иако гледањето на YouTube може да има негативни последици, предноста е што детето има пристап до информациите за тоа што го интересира. На пример, ако е заинтересирано за вселената, животните или науката, детето има пристап до тие содржини.

Истовремено, оваа платформа овозможува интеракција. Децата можат да ги коментираат содржините и да се чувствуваат каде дел од заедницата.

На YouTube секојдневно се појавува нова содржина и тоа на различни јазици па секогаш постои нешто за секое дете, без разлика на неговата возраст, култура или раса.

извор:кајгана.ком

To top