Таа е млада, талентирана и успешна девојка која сигурно чекори по патот до успехот во својата музичка кариера.
Но, за да се биде актуелен и симпатичен во очите на публиката, најчесто не се потребни само нови песни и спотови, туку еден комплетен пакет за претставување пред очите на јавноста.
Антониа имаше одличен избор на почетничките песни,а дополнително работи на себе, својот вокал, изгледот, актуелноста во медиумите, социјалните мрежи, комуникација со фанови… а тоа секако вродува со резултат.
View this post on Instagram
Неодамна таа се пофали дека успеала да ослаби неверојатни 19 килограми, а тоа пак и донесе модна соработка со еден бренд кој сега редовно го промовира на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Линијата сега и дозволува да облече што сака, а пак самодовербата ја однесе на повисоко ниво. Овој пат, на најновите фотографии позира во секси виолетов корсет и тесни црни пантлони, а се сврте и одзади за да ја покаже згодната позадина.
View this post on Instagram
Кога е стилот во парашање, оваа мада дама многу почесто можеме да ја видиме во спортска гардероба, која кога ја комбинира изгледа како од модно списание.