Во една од последните емисии на „Ѕвездите на Гранд“, за првпат настапуваше и битолчанката Марија Груевска.
Иако Марија во текот на втората песна се изгуби на сцената и направи грешка, сепак ги освои симпатиите на жирито и четири гласа кои беа доволни да помине понатаму.
Деновиве, по два месеци започаа снимањата на четвртиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, а во една од емисиите ќе биде и настапот на Марија.
Груевска на социјалните мрежи покажа како ќе изгледа во нејзиното второ претставување.
Имено, Марија се одлучила за бајковит фустан од дизајнерот Златко Јовановски со кого соработува. На главата има круна, а особено впечатлив е богатиот корсет.
Пејачката Јелена Карлеша објави дел од атмосферата за време на настапот на Марија и го објави на својот „Инстаграм“, а во описот напиша:
„Висока мода во „Ѕвездите на Гранд“. Многу интересен натпреварувач од Македонија ја пее мојата песна „Управо остављена“ во џез акустична верзија“, напиша Јелена.
Во позадина на снимката може да слушне “браво“ и аплаузи. Како Груевска ќе се претстави и дали ќе ги освои сите шест гласа останува да видиме.