Ако планирате вечерва да се одморите и да избегнете од готвење и чистење, овој рецепт ќе ви се најде …
Ќе ви треба чаша со волумен од најмалку 300 ml, или по можност 400 ml, како и микробранова печка. Во однос на времето, ви треба само пет минути.
Состојки:
- 3 лажици путер
- 3 лажици кафеав шеќер
- 3 лажици млеко
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 30 гр обично брашно
- 2 лажици какао во прав
- прстофат сол
- 1 лажица сецкано чоколадо
Подготовка:
Ставете го путерот во голема чаша и стопете го во микробранова печка. Премачкајте ја целата внатрешност на чашата со путер и остатокот истурете го во мал сад. Во овој сад додадете кафеав шеќер, млеко и екстракт од ванила и изматете со жица за матење. Потоа додадете просеано брашно измешано со какао и малку сол. Промешајте и додадете го исецканото чоколадо. Префрлете го во чашата со путер и ставете го во микробранова печка, со максимална моќност, од 60 до 75 секунди. Рабовите треба да се испечат, а центарот сè уште да биде малку мек.
Оставете да отстои една минута или две, а потоа уживајте!
извор: попара.мк