Пејачката Лепа Брена покрај остварувањата на филмското платно, можела да игра и во култната српска серија „Бољи живот“.
Имено, улогата на популарната Нина Андрејевиќ првично и беше понудена, но поради бројните турнеи и настапи во тоа време, Брена морала да ја одбие.
View this post on Instagram
– Тоа беше одамна и повеќе не се сеќавам кој ми се јави. Немав време да снимам серии, бидејќи снимањето може да трае и до две години. Во тоа време, јас бев преокупирана со настапи и турнеи низ поранешна Југославија и во светот. Снежана Савиќ е одличен професионалец и ја играше улогата маестрално, што сигурно не би можела јас да го сторам – изјави Брена за медиумите во една прилика.