Живот и Стил

Направете домашна моцарела за само 30 минути (видео)

Направете домашна моцарела за само 30 минути (видео)

Доколку сте љубител на свежа моцарела, ќе ја сакате уште повеќе откако ќе ја направите сами…

За 480 гр. моцарела ви се потребни:
– 4 литри домашно кравјо млеко

– 250 мл. вода

– 10 гр. лимонтус

– 60 мл. вода

– 10 гр. сол

– 4 мл. сириште

Начин на припрема:
Во едно тенџере ставете 10 гр. лимонтус и 250 мл. вода и мешајте додека не се раствори. Во тенџерето додајте го и ладното млеко и ставете го на оган да се згрее.

Откако млекото ќе се загрее на температура од 35 Целзиусови степени (да биде млако на допир), тргнете го од оган, па во него додајте го сириштето кое претходно ќе го помешате со вода.

Промешајте сè заедно, па поклопете го тенџерето и оставете 15 до 30 минути да се засири. Кога ќе се создаде текстура налик на кисело млеко, исечете ја смесата на парчиња и загрејте ја на температура до 45 степени (да е топла на допир), со повремено мешање.

За тоа време, смесата ќе почне да се претвора во моцарела. Кога ќе се постигне саканата температура, тргнете го сирењето од оган и процедете го.

Во сурутката (течноста која ќе остане по варењето), ставете 10 гр. сол, загрејте на температура од 65 степени (да биде жешко на допир) и ставете го сирењето со цедалка во течноста. Откако ќе се загрее (за 10-15 секунди), извадете го сирењето и развлечете го 2-3 пати, а потоа повторно вратете го да се згрее. Ваквата постапка повторете ја 3-4 пати додека површината на сирењето не стане мазна и не добие текстура на мастика за џвакање.

Моцарелата поделете ја на два дела, секоја обликувајте ја со помош на техниката прикажана во видеото и ставете ја во сад со ладна вода за да се стегне и да го задржи обликот.

Погледнете ја целата припрема:

To top