Пејачот Слоба Радановиќ наводно ја раскинал емотивната врска со Јелена Ѓуричанин, со која планираше брак и семејство.
Слоба ја отследи Јелена од социјалната мрежа Инстаграм, и ги избриша сите нивни заеднички фотографии, пишува Пинк.рс, и ова не е првпат да се појават гласини за љубовниот бродолом на овој пар.
Пејачот и Јелена досега не се огласија по овој повод.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Јелена и Слоба ја започнаа својата врска во 2019 година, откако Радановиќ официјално се разведе од поранешната сопруга Кија Коцкар. Јелена зад себе има и еден брак, од кој има два сина.