Некои се класични, некои контроверзни, но овие модни парчиња ќе се носат во текот на 2021 година.
1. Мини чанти
View this post on Instagram
Малите чанти ќе останат врвен моден додаток и во 2021 година. Минатата година се носеа на рамото, но оваа година ќе се носат околу половината.
2. Предимензионално сако
View this post on Instagram
Предимензионалното сако ќе биде повторно во тренд, особено во текот на летото, без разлика дали станува збор за еднобоен изглед или за нежни тонови.
3. Бермуди
View this post on Instagram
Кратките панталони беа многу популарни во 2020 година. Многу модни брендови ги имаа и во варијанта на костум: бермуди + сако изработени од ист материјал. Сега се претставени во спортска верзија направени од тексас.
4. Тренерки
View this post on Instagram
Популарноста на спортската облека продолжува. Опуштените комбинации на тренерки и џемпери или тренерки и капут станаа еден од најпопуларните улични стилови. Оваа сезона е сè или ништо, бидејќи трендот се менува малку, па затоа е уште поспортски. Тоа значи следново: спортски од глава до пети.
5. Плетен елек
View this post on Instagram
Контроверзниот плетен елек се појави на модната сцена оваа есен, а ќе биде популарен и во 2021 година. За изгледот да биде софистициран, потребно е да носите кошула во неутрална боја одоздола.
извор: кафе.пауза