Композиторот и музички директор на продукцијата „Гранд“, Александар Милиќ – Мили, ја нацрта поп-фолк sвездата и член на жирито на ова музичко натпреварување, Јелена Карлеуша, за време на паузата на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Мили ја нацрта Карлеуша на парче хартија во кое се наведени кандидатите кои се натпреваруваат во шоуто и го објави нејзиниот портрет на најпрвин на неговиот профил, а потоа карикатурата на Карлеуша осамна и на официјалниот птрофил на Инстаграм на „Ѕвездите на Гранд“.
„Денес, во излив на незапирлива инспирација, направив портрет на Јелена Карлеуша, со очите на Пабло Пикасо и мозокот врзан за кубизмот, на снимањето на Ѕвездите на Гранд“ – напиша Мили.
Карлеуша има нагласени облини и на цртежот, има sвездички на брадавиците на голите гради, додека интимниот дел и е покриен со лист, а некои детали беа очигледно уметнички пренагласени.
Мили со својот цртеж ги забавуваше и ги насмеа и своите и следбениците на Гранд, кои му порачаа дека нема баш да му биде пријатно кога Јелена ќе види како ја нацртал.
Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda