Регионалните медиуми пишуваат дека пејачот Аца Лукас сношти бил преведен во полициска станица.
Аца бил приведен во рутинска контрола на Бањица, а како што пренесуваат медиумите пејачот бегал од полицијата.
Другата полициска контрола успеала да го стопира Лукас, по што му бил направен алкотест кој потврдил дека има алкохол во крвта. Потоа бил направен и тест на дрога.
Полицијата се обидувала да го запре, но тој бил безобрзен и ги навредувал.
Неговиот менаџер Саша Мирковиќ за курир.рс изјави дека не знае ништо за тоа.
„Не знам ништо за тоа, се слушнавме синоќа и ништо не ми кажа“, изјавил Саша.
Засега Лукас не се огласи по повод овие пишувања.