Македонскиот победник во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ од 2017 година, Ристе Ристески, како и многумина музички изведувачи како да стагнира на музички план во пандемијата од коронавирусот.
Ристе не беше активен ниту на социјалните мрежи, но се до неодамна кога објави дека ужива во зимата на Копаоник во Србија.
View this post on Instagram
Откако уживаше во скијањето и снегот, Ристе му се варти на родниот Охрид. И на домашен терен не престана со опуштање и релаксација, но и на времето посветено на физичкиот изглед.
Погледот од теретаната кон езерото е соврешен, а исто и од базенот каде Рситески се препушти на комплетно уживање.
Она што може да се забележи е дека Ристе пуштил подолга брада, па малку е тешко да го препознаете на права.
Разголен позираше пред своите следбеници и им откри како го минува времето во својот Охрид.