Водителката Јована Јоксимовиќ доживеа несекојдневна ситуација во утринската програма.
Таа ја најави пејачката Сашка Јанковиќ како следна гостинка во студиото, а тогаш се случи и вистинско изненадување за водителката.
Пејачката влезе во студиото, а наместо да се поздрави со Јована која застана пред неа, таа истрча од студиото.
Оваа снимка стана хит на интернет, а српските медиуми се шегуваат дека пејачката наводно трчала кон тоалет, па не ја испочитувала Јована.