Во регионалните медиуми долго време се шпекулира за бракот на познатата пејачка Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.
Често се пишуваше дека парот се разведува, дека не живеат заедно, а најново се пишуваше дека Душко има и љубовница,
Карлеуша во гостувањето на една емисија откри дека е во брак со фудбалерот и дека живеат заедно, а исто така ги демантираше и пишувањата дека Душко има љубовница објавувајќи дека нејзиниот сопруг поднел и тужба.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dushko-toshikj-ima-ljubovnica-srpskite-mediumi-obznanija-so-kogo-e-vo-shema-soprugot-na-karleusha-foto/
Во последните неколку месеци, па и во последната година Јелена и Душко ретко се појавуваа заедно во јавност, или барем српските медиуми и папараци не успеајаа да ги фотографираат.
Душко вчера (19 јануари) го прослави својот роденден во кругот на најблиските пријатели и роднини.
Покрај Тошиќ беше и неговата сопруга Карлеуша која не ја тргнуваше насмевката од лицето.
Снимките од роденденската прослава ги објави нивниот заеднички пријател и претставник за медиумите, Зоран Биратешевиќ.
Додека Душко ги дуваше свеќичките, неговата сопруга цело време беше насмеана и го бодреше.
На роденден присуствуваше и мајката на Душко, Николета која одлично се согласува со тетката на Јелена.
Инаку, фудбалерот на својот роденден доби изненадување и од вработените во неговиот дом односно торта во облик на фудбалска топка со црвено – бела боја.