Живот и Стил

Како треба да ги облекувате бебињата во зима: Не треба да им биде студено, но ни многу топло

Како треба да ги облекувате бебињата во зима: Не треба да им биде студено, но ни многу топло

Бебињата не ја задржуваат температурата како возрасните затоа кога претстојуваат надвор во текот на зимата облеката треба да биде прилагодена на временските услови – тоа да не биде ни премалку, но и ниту премногу облечено.

Кожа

Кожата на бебето е склона кон сушење и пукање во зимските месеци, па затоа се препорачува редовно мачкање со крема за навлажнување.

Слоеви алишта

Според стручните лица, бебето треба да носи еден слој алишта повеќе отколку што родителот облекува на себе и не повеќе. Дополнително ќебе на детското седиште во автомобилот не е на одмет, сѐ додека тоа не го задушува протокот на воздух. Исто така, се препорачува да се изолира на количката за да се намали изложеноста на студ кај бебето. Може да се стави парче стиропор под бебето.

Врат

Ако вратот е топол и влажен, тоа значи дека на бебето му е премногу топло. Доколку пак, вратот му е ладно, треба да биде облечено потопло.

Раце

Најсигурен знак дека на бебето му студи, се ладни и црвени раце, нивно треперење, како и бледи или црвени нозе и модри усни.

извор: Курир.мк

To top