Ќерката на поп-sвездата Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, покажа како изгледа нејзината соба во семејната куќа на Дедиње.
Имено, Душко и Јелена во 2019 година купија вила со огромен двор и базен, за што искешираа околу 2 милиони евра, а ја купија од Драган Стојковиќ Пикси. Веќе некое време го уредуваат просторот за да биде сè по нивниот вкус.
– Конечно, готово е. Опседната сум – напишала ќерката на Карлеуша со деталното снимање на нејзината соба.
Сè е во пастелни тонови, креветот, гардеробата и полиците се во бело, додека завесите, постелнината, како и многу детали се во нежно розова боја.
Катчето на Атина изгледа прекрасно, правејќи простор за тинејџерка. На ѕидот над креветот има колаж од фотографии, кој исто така е во розова боја и совршено се вклопува со остатокот од собата.