Целата јавност наголемо зборува за објавата на Фејсбук на Роберт Орданоски, поранешниот директор на АЕК, кој јавно раскажа дека неговата сопруга Агнеса решила да стави крај на нивниот брак оти „се оладила од него откако веќе не е директор“ и ја нарече фотошоп барбика.
Агнеса Орданоска реагираше на Фејсбук објавата на својот соруг за нивниот развод во најава и рече дека во моментов чека нејзините деца да си дојдат од Битола, каде што се со својот татко веќе неколку дена. Агнеса не крие дека е растревожена од тоа што ѝ се случува и вели дека во целата ситуација најголема жртва се децата, заради тоа што ќе читаат и слушаат невистини за својата мајка, па а нејзината огореченост ја изнесе за „Фокус“.
„Многу е лесно да се нападне жена што се грижи за себе, да ѝ се припишат разни афери, да се кажат лаги и невистини. Знам дека после ова многу луѓе ќе ми се ситат, ќе ме исмеваат, ќе велат дека сум заслужила, но и покрај тоа мене ми се најважни чувствата на моите деца и ќе направам сè за да ги заштитам. Ги чекам децата да се вратат од Молика, Битола, таму ги однесе татко им пред пет дена, се обидувам да се смирам. Кога приватноста на едно семејство се става на тањир пред целата јавност, на ваков начин, што да се очекува повеќе? “, кажа Агнеса.
Таа е лута што во јавноста почнале да се објавуваат и слики од нејзините деца. Вели дека сето ова е голема траума за нив, особено што нивниот татко ја наведи во објавата и ја нарече „фотошопирана барбика“.
„Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат. Нивни другарчиња ја читаат објавата, стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација.
Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број на жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот. Многу пораки добив, во кои ја гледам женската солидарност на дело и тоа ми даде утеха во овој лош период. Жената е најлесно да ја нападнеш, да ја омаловажиш во средина во која уште владеат предрасудите, но за среќа помеѓу нас има совесни луѓе на кои им е јасно дека оваа постапка е за секоја осуда“ – вели Орданоска за „Фокус“, која е дипломиран правник и работи во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Орданоски кој е сега вработен како инженер во МЕПСО, во моментов е на зимување со двете ќерки на Пелистер, за кои вели дека се центар на неговиот свет, одново се огласи, па за „Женски магазин“ зборуваше за разделбата од сопругата која одлучила да му стане бивша, одлука која како што вели, дошла одненадеж и тој се’ уште е во шок од нејзината одлука. Но тој ја раскажал и љубовната приказна со мајката на неговите ќерки од која е постар 15 години. Разликата во години, вели тој се трудел успешно да ја менаџира.
„Вчера, на 13 Јануари, беше 17-тиот роденден на постарата ќерка, Вивиен. Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општество, а тоа е семејството.
Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство.
Уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви“, вели Орданоски за Женски магазин.
Екс директорот на АЕК нагласува во интервјуто дека потекнува од семејство на интелектуалци. Вели дека татко му бил правник – судија, а мајка му професор по книжевност, брат му инжинер по информатика.
„Секогаш сме живееле скромно и сме ги негувале семејните вредности пред сè. Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: ‚Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш. Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука. Одамна планиравме да отидеме неколку дена на некоја планина, децата поради онлајн наставата се постојано дома, сакав да ги изнесам малку на воздух, затоа и земав годишен одмор од компанијата во која работам. Планиравме да одиме во понеделник, на 11 јануари, сепак после разговорот во неделата вечер испадна дека во хотел ‚Молика‚ на Пелистер ќе одам сам со ќерките и дека роденденот на постарата ќе го славиме без нејзината мајка“, раскажува емотивно Орданоски за Женски магазин.
Во Агнеса, како што се присетува, се вљубил на прв поглед во јуни 2002 година, истиот месец започнале врска, а во април 2003 ја носел на неговото наградно патување за менаџер на годината од „Т-Мобиле“ во Рим, од каде што се вратиле со најубавата вест што човек може да ја добие – Агнеса била бремена со ќерка ни Вивиен.
„Во септември истата година се земавме, во јануари се роди Вивиен. Тој период бев директор во Т-Мобиле, со исклучително добри резултати во работата, за што постојано бев наградуван од странскиот и нашиот менаџмент на компанијата. Во 2010 година станав директор на АЕК, во март во 2012 се роди втората ќерка Тифани, мојот живот ја доби најдобрата содржина што еден маж и татко може да ја има. Минатиот септември правевме 17 години брак, во декември Агнеса наполни 37 години, големата разлика во години, 15, се обидував да ја менаџирам на начин да и јас се однесував како да имам 37 години, излегувавме и се дружевме со нејзини другари и другарки. Сè до кобната недела, што се случи и зошто, искрено, не знам, мислев дека имам идеален брак, а така мислеа и сите што не познаваа“, објаснува Орданоски.
„Не знам сè уште што ќе научам, знам само дека Агнеса ме уби без испукан куршум, ќе се обидам барем децата да не страдаст и да имаат два функционални родители … Но, едностраната одлука на Агнеса и неоставањето простор за разговор, компромис, не ми остава многу надеж за тоа .. Знам дека нема спогодбено да се разведам, ќе се борам за децата до последниот атом сила во мене …“, раскажува Орданоски за Женски магазин, а целото интервју можете да го прочитате на овој линк.