Лекарите имаат правило 60-60 за безбедно користење слушалки, што значи дека 60% волумен на секои 60 минути слушање е безопасно. Кога ќе го прекршите ова правило, може да почувствувате вртоглавица, гадење, па дури и да имате нарушување на спиењето. Ова се само неколку ефекти што слушалките може да ги имаат врз вашето тело ако ги користите премногу долго и премногу често. Секој уред може да се претвори во оружје, ако не се користи мудро, па прочитајте што може да ви се случи ако користите слушалки премногу често.
Може да добиете главоболка
Луѓето кои премногу долго носат слушалки ја изложуваат главата на притисок што по природа не треба да се случува. Како резултат на тоа, вашиот скалп и внатрешното уво се компресираат и може да добиете главоболка. Исто така, носењето слушалки може да ја влоши мигрената ако сте склони кон неа.
Може да имате оштетен слух
Според науката, повеќето луѓе на 30-годишна возраст треба да можат да слушнат звук од 17 килохерци, што значи дека може да слушнат комарец што се приближува. Но, сè повеќе млади луѓе не можат да слушаат на ова ниво на таа возраст. Луѓето се раѓаат со 15 000 слушни клетки, но штом изгубите една, таа не може да се замени. Научниците го поврзуваат проблемот со губењето на клетките со честата употреба на слушалки.
Може да ви се затнат ушите со восок
Затнувањето со восок се јавува затоа што слушалките го спречуваат восокот природно да излегува од ушните канали. Поради тоа, вашите уши може да се блокираат, што може да доведе до инфекција на увото. Покрај тоа, слушалките дејствуваат како памучни тампони и може да го туркаат восокот подлабоко во ушниот канал, што може да резултира со болка во ушите и вртоглавица.
Може да развиете вртоглавица
Вртоглавицата е чувство на вртење и губење рамнотежа, илузија на движење што не постои. Често е придружено со гадење и зашеметеност. Тоа се случува кога ушите ви се затнати од слушалки за изолација на бучавата. Дополнителен фактор што може да предизвика чувство на вртење е слушањето музика со највисок тон. Додека ги ставате овие мали предмети во ушите, го стимулирате нервот на внатрешното уво и создавате неприроден притисок внатре во него.
Може да почнете да слушате непостоечки звуци, дури и во целосна тишина
Ако претерате со носењето слушалки, може да развиете вознемирувачко чувство на тинитус. Може да почнете да слушате ѕвонење, зуење, шушкање или шумење во ушите, дури и кога сте во целосна тишина. За оваа појава нема лек, но може да се спречи лесно со намалување на употребата на слушалки и намалување на јачината на звукот.
Може да имате проблеми со кожата и акни
Според медицинските експерти, оние кои често носат големи слушалки над ушите, особено кога работат и се потат, им дозволуваат на илјадници бактерии да се размножуваат. Ова може да доведе до појава на акни и инфекции на кожата. Исто така, ако користите чепчиња за уши, прекумерното масло од внатрешноста на увото може да започне да се насобира создавајќи идеална подлога за бактериите што може да предизвикаат мозолчиња во ушите.
извор: кафепауза