Јелена Карлеуша важи за некој кој нема влакна на јазикот и секогаш го кажува своето мислење, а особено тоа го покажува во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во кое речиси секогаш е брутално искрена.
Така и беше во последната емисија кога го искритикува кандидато на Ана Бекута.
Имено, во дуел беа Алекса Петрески чиј ментор е Мили, и Маријан Грачанин чиј ментор е Ана Бекута.
„Мене Грачинин ми е супер, и да правам некоја забава или прослава ќе го викнам овој човек да ми пее“, изјави Јелена, па продолжи:
„Навистина си супер. Но, твоето облекување е скандалозно. Тоа е за наша црна иднина. Се облекуваш како фотелја“, изјави Јелена.
Кандидатот не остана должен, па веднаш и врати:
„Јелена, по прележена корона се здебелив 12 килограми, ми кажеа дека морам се да јадам…“ изјави Грачнин .
„Ти си единствен кој се здебели 12 килограми, што јадеше човече? Слушнав дека од короната се губи барем 15 килограми“, изјави Шерифовиќ.
Инаку, Маријан помина во следниот круг.