Радио Милева проштален пост

Наско, синот на Зоран Џорлев ја објави последната заедничка семејна фотографија: „Славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден…“

Наско, синот на Зоран Џорлев ја објави последната заедничка семејна фотографија: „Славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден…“

Наско Џорлев, син на познатиот виолинист Зоран Џорлев, кој вчера на 53-годишна возраст почина од компликации од коронавирусот, денеска преку статус на Фејсбук се прости од својот татко.

„Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата. Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат.

Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. Во плановите не имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно. За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош. За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат. Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се. Се што имам е од татко ми, се што сакам и правам денес е поради татко ми, се ми имаш пружено. Се што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за се, тато е најдобар тато, душичке наша!

За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден!

Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден Дедо Мраз како поклонче за Нова година. Последниот здив го има испуштено држејќи ја.

Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро…

Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“ – напиша Наско Џорлев.

 

To top