Живот и Стил

Како да препознаете кога Вашето дете е во депресија?

Како да препознаете кога Вашето дете е во депресија?

Препознајте го проблемот на време, разговарајте со вашето дете и помогнете му.
Нормалната тага доаѓа, а таа се јавува како резултат на некој настан. Меѓутоа, клиничката депресија е секогаш присутна и кај детето се јавува чувство на раздразливост и недостаток на интерес за учество во одредени активности.

Некои големи промени во домот, како што се семејна смрт, развод и селидба, можат да доведат до значителни промени кај децата. Нормално е да се грижите ако детето нема блиски пријатели, особено ако е предучилишна возраст кога веќе треба да има омилена другарка или другар.

Симптомите кои ја карактеризираат депресијата кај децата и адолесцентите се:

  • Честа главоболка, абдоминална болка и замор кај децата;
  • Недостаток на интерес за учество во настани и забави организирани во предучилишната установа;
  • Секојдневно незадоволство, раздразливост, врескање или плачење;
  • На детето му е постојано досадно;
  • Недостаток на интерес за играње со другарчињата;
  • Тешкотии во комуникацијата со другите деца;
  • Прекумерна чувствителност и страв од неуспех

Родителите имаат најголема одговорност. Тие треба да ги откријат причините и да се обидат да ги елиминираат на најдобар можен начин. Родителите мора постојано да разговараат со своите деца и да им посветат многу време.

Раздразливоста е најчестиот симптом

Главната разлика помеѓу депресијата кај возрасните и децата е тоа што возрасните се чувствуваат депресивно, а децата се нервозни.

Децата кои страдаат од депресија не само што покажуваат знаци на тага, туку тие обично лесно се вознемируваат и немаат контрола врз нивното однесување. Тие често не можат да го идентификуваат она што го чувствуваат и да го презентираат со зборови.

Раното дијагностицирање на депресијата е од клучно значење

Хроничната депресија може да ја смени структурата на мозокот. Истражувањата покажуваат дека хроничната депресија може да го намали хипотаминот, а тоа е делот од мозокот кој помага да се регулираат емоциите. Депресијата тогаш предизвикува проблеми во училиштето, алкохолот и дрогата стануваат закана за децата, а во најтешките случаи може да го зголемат ризикот од суицидни мисли.

To top