Куркума, кокосово масло и млеко – познати суплементи и основа на здравата исхрана. Кога ќе се спојат во еден напиток, се претвораат во средство кое што го јакне имунитетот, го подобрува варењето на храната и чисти џигерот од токсини.
„Златното млеко“ е напиток на база на кравјо млеко или пак негова замена (пример бадемово или пак оризово млеко) во кое што се додава мелена куркума и кокосово масло, а по потреба цимет, ѓумбир, црн бибер.
Овој напиток се користи и во кинеската медицина повеќе од 100 години, а на Западот стана популарен малку подоцна. Станува збор за кремаст напиток со впечатливо жолта боја кој што може да се пие самостојно или пак да се додаде во други јадења, пример рижото.
Негова главна цел е да го зајакне имунитетот, да ги намали воспалителните процеси во телото и да го подобри варењето на храната, како и да го исчисти телото од токсини.
Состојки:
– 100 грама органска куркума во прав
– 1 лажичка црн бибер
– 1 лажичка цимет
– 1 лажичка ѓумбир во прав
– 100 грама кокосово масло
– 350 милилитри филтрирана вода
Подготовка:
1. Во тенџере загрејте ги куркумата, црниот бибер, циметот, ѓумбирот, кокосовото масло и водата. На умерена температура со често мешање оставете смесата да се соедини (околу 10 минути).
2. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади околу 10 до 15 минути. Тогаш во смесата додадете сиров мед и промешајте.
3. Ставете ја смесата во стаклен сад и во фрижидер. Може така да ја чувате до неколку седмици.
4. Кога сакате да си направите „златно млеко“, потребни ви се 100 милилитри млеко кое ќе го загреете, а потоа во него додадете една до две лажици од претходно подготвената смеса.
извор:точка.ком.мк