Секоја личност која влегува во нашиот дом внесува и одреден вид на енергија, а таа може да биде позитивна или негативна. Негативната енергија предизвикува стрес, здравствени и финансиски проблеми и лоши чувства. Доколку мислите дека во вашиот дом е присутна таква енергија, веднаш преземете нешто.
Трик со помош на чаша вода:
Во проѕирна стаклена чаша ставете морска сол (солта би требало да зазема 1/3 од чашата). По солта во чашата ставете 1/3 студена вода и 1/3 бел оцет.
Чашата ставете ја во собата во која мислите дека е собрана негативна енергија.
Откако сте ја поставиле чашата, никој ен смее да ја допира следните 24 часа. Доколку течноста во чашата е во иста состојба во каква што сте ја оставиле, во таа соба не е присутна негативна енергија.
Доколку во чашата забележите меурчиња или течноста стане непроѕирна, очигледно е дека имате некакви проблеми.
Откако течноста во чашата ја апсорбирала негативната енергија, фрлете ја течноста во тоалетната школка и пуштете вода. Постапката повторувајте ја секој ден, се додека течноста во чашата не биде потполно бистра.