Потребни состојки
- 115 гр. маргарин
- 340 гр. шеќер
- 2 јајца
- 225 мл. млеко
- 1 лажица растителна слатка павлака
- 1 пакување прехранбена црвена боја
- 1 пакување прашок за печиво
- 1 лажица јаболков оцет
- 230 гр. брашно
- 30 гр. какао
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка сода бикарбона
За фил:
- 500 мл. слатка павлака
- 5 лажици шеќер
- 2 раце мелени лешници
- чоколадни трошки
- 4 лажици какао
За Прелив ќе ви треба:
- 300 гр. темно чоколадо
- 1 лажица путер
Подготовка
Чекор 1: Во миксер ставете ги маргаринот и шеќерот и изматете ги. По неколку минути додадете ги јајцата едно по едно. Во друг сад измешајте ги млекото, павлаката, црвената боја и убаво измешајте да се соедини. Додадете го пецивото и јаболковиот оцет. Соединете ги двете течни смеси.
Во друг сад соединете ги сувите состојки и измешајте ги убаво со течните.
Тестото е готово. Од него испечете две кори, бидејќи тортата е на два спрата.
Чекор 2: Во сад за матење ставете ја слатката павлака и шеќерот и матете додека не згусне, а потоа додадете го какаото. Додадете ги лешниците и чоколадните трошки.
Во филот може да додадете и Маскарпоне, или Крем сирење, по желба.
Филувајте како што тоа го прави Фичо во видеото.
Чекор 3: Растопете го чоколадото и додадете го путерот. Убаво промешајте и преливот е готов.
Прелејте ја тортата со чоколадото, декорирајте и сервирајте.
извор: Мои рецепети