Радио Милева „Моја карпа и ветар во грб“

Ретка глетка:Тијана Дапчевиќ го „улови“ сопругот како никогаш досега, а потоа имаше и нешто пред сите јавно да му каже (фото)

Ретка глетка:Тијана Дапчевиќ го „улови“ сопругот како никогаш досега, а потоа имаше и нешто пред сите јавно да му каже (фото)

Откако го заврши снимањето на петтата сезона на македонскиот ситком „Преспав“ каде ја игра улогата на Германката Ула, Тијана Дапчевиќ се врати во Белград каде постојано е медиумски активна.

Гледачите пак на популарниот пансион дочекаа да ги гледаат новите епизоди кои се емитуваат секој работен ден на првиот канал на Македонската телевизија.

Тијана периодов е стационирана во својот дом во Белград од каде пред своите следбеници покажа една ретка глетка, односно заедничка фотографија со сопругот каде позираат еден до друг.

Тијана појасни дека најпосле успеала да го „улови“ Милан на заедниичка фотка и за истата вели:

-Мил мој Дапче воопшто не сака да се слика и секогаш едвај го фаќам за фотка. Сега успеав. Моја карпа и ветар во грб веќе 20 години, беше емотивна Тијана кон сопругот.

Емоциите кои ги има сакаше да ги каже јавно, а пак среќата од тоа што се поддршка и сила еден на друг, се гледа и на нивните лица.

За потсетување, пред неколку години во медиумите се пишуваше дека бракот на Тијана и Милан е на стаклени нозе, но доколку ја имаа таквата криза, а како што вели таа секој брак ја имал, успешно испливаа низ тоа.

To top