Пејачот Никола Перевски, Пере од Нокаут при крајот на ноември стана татко по трети пат.
Тогаш радосните вести ги сподели неговиот брат, кој откри дека станала чикчко.
Пере досега не се огласуваше по тој повод, но сега го прекина молчењето и го покажа лиценцето на неговата трета ќерка Софиа.
Имено, тој на својот Инстаграм профил, објави неколку фотографии на кои позира заедно со ќерката и сопругата, па откри дека третиот член на семејството веќе е дома.
„Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млеко. Софиа“, напиша покрај фотографијата“
Под постот се нижеа бројни коментари меѓу кои на Елена Ристеска, Тијана Дапчевиќ, Елена Петреска, Михаил Корубин, Димитар Андоновски….
Потсетуваме, Пере веќе ги имаќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13) од првиот брак со ТВ новинарката во МТВ Александра Спировска. Честитики, да е жива и здрава Софиа.