Радио Милева Најубавото допрва доаѓа

Поранешната македонска водителка во исчекување на најубавиот новогодишен подарок: Бебето само што не пристигнало, а мама направи магичен „бејби шауер“ во Америка (фото)

Поранешната македонска водителка во исчекување на најубавиот новогодишен подарок: Бебето само што не пристигнало, а мама направи магичен „бејби шауер“ во Америка (фото)

Поранешната македонска ТВ и радио водителка Марија Главчева, одамна не сте ја виделе на телевизија или слушнале на радио.

Но, за тоа има причина, бидејќи Марија веќе извесен период е преселена во Америка каде што живее заедно со нејзиниот избраник Ивица.

Оваа Нова Година ќе биде посебна за Марија и нејзиниот сакан, зашто тие за првпат ќе стана родители и тоа на машко бебе.

фото:марија главчева/фејсбук

Марија е доста активна на Фејсбук, каде неодамна објави фотографии од магичната „бејби шауер“ забава која е доста актуелна во Америка.

Пријателките и најблиските на идната мама се собраа во нивниот дом и донесоа подароци за бебенцето кое ќе се вика Мартин.

фото:марија главчева/фејсбук

Снежна торта, многу сини балончиња, конфети, односно се’ во знакот на тоа дека доаѓа машко бебенце во нивниот дом.

фото:марија главчева/фејсбук

-Да се стане мајка е такво патување. Тоа е уникатно, приватно, емотивно и убаво искуство. И трудот е единствениот датум на слепиот каде што знаете дека ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот, пишува Марија во една своја објава.

фото:марија главчева/фејсбук

Мартин само што не пристигнал за да биде најубавиот подарок за мама и тато, а на мама Марија и посакуваме лесно породување!

To top