Светски познатата дизајнерка на венчаници и поранешна лизгачка, Вера Ванг, го прослави својот 71 роденден ова лето, а фановите не можат да не се воодушеват и начудат од тоа колку младо изгледа.
Тие ја опсипуваат со комплименти на социјалните мрежи и истакнуваат дека изгледа барем двојно помладо. Тие исто така и кажуваат дека таа е поим за безвременска убавина, како и дека нејзините години се враќаат назад.
View this post on Instagram
Вера неодамна истакна дека не постои универзална тајна за совршен изглед, но дека се држи до работата, спие доволно и квалитетно, сака коктел со вотка и го избегнува сонцето.
View this post on Instagram
Сите се согласија дека Вера изгледа неверојатно, но кој би и дал повеќе од 30 години?!