Пејачот Дарко Лазиќ вчера го загуби својот татко Милан, кој почина поради компликации по операцијата за намалување на желудникот.
Оваа загуба беше многу тешка за Дарко, неговиот брат и мајка Бранка, а по црната слика, Лазиќ објави на Инстаграм видео спомен со неговиот покоен татко.
На снимката и двајцата свират на хармоника и се среќни, а снимката растажи многумина. Познато е дека таткото на Дарко исто така свирел и пеел во младоста, па Дарко го наследил талентот и љубов кон музиката.
View this post on Instagram
“Не сум никако. На мајка ми и е многу тешко. Како и сите нормални луѓе сме такви кога некој ќе умре, тешко ни е”, изјави вчера пејачот за “Курир.рс”.