Вистаграм

Елката не е единствениот украс: Растенија што може да ги користите за празнично украсување на домот

Елката не е единствениот украс: Растенија што може да ги користите за празнично украсување на домот

Божиќните ѕвезди, празничните венци и разните природни цветни аранжмани се неизбежен дел од украсувањето на ентериерот. Бидете внимателни при изборот на растенија бидејќи со соодветна грижа и нега може да траат дури и по празниците, така што следната година ќе бидат уште побујни и поубави. Оваа година се популарни амарилисот, божиќната ѕвезда, орхидеите, каланхоата и божиќниот кактус. Во продолжение прочитајте како да се грижите за нив.

Амарилис

Амарилисот е повеќегодишно растение кое не бара многу грижа. Чувајте го на светло, но не на директна сончева светлина, наводнувајте го еднаш или двапати неделно, но хранете го редовно. Цвета еднаш годишно и ако правилно се грижите за него, тоа ќе преживее подолго време.

Божиќна ѕвезда

Оваа растение е популарно секоја година, а многумина сакаат да го чуваат цела година. Но, тоа најчесто е безуспешно бидејќи бара поголема грижа. Најважното нешто во врска со ова растение е дека кога ќе го купите, треба да го оставите неколку часа во малку поладна просторија за да може постепено да се приспособи на новиот простор, каде што не треба да биде поладно од 23 °С. Во никој случај не треба да го чувате на место каде што има провев или извор на топлина. Не поместувајте го растението откако ќе најдете соодветно место за него и наводнувајте го одозгора, секој втор ден.

Божиќен кактус

Ова растение е идеално за суви и затворени простории и не му треба многу грижа и наводнување. Наводнувајте го еднаш неделно или може да го прскате со застоена вода на неколку дена. За да цвета, треба да има многу индиректна светлина и да не го поместувате затоа што не сака промени. За време на цветањето, избегнувајте пресадување и прекумерно изложување на растението на промени.

Каланхоата е лесна за одгледување и не бара премногу грижа. Можете да ја одгледувате дома, а кога ќе биде потопло, може да ја одгледувате на вашиот балкон или во градината. Во лето треба да се наводнува 2-3 пати неделно, а во зима многу помалку. Обезбедете ѝ многу светлина и таа ќе остане во вашиот дом уште долго време.

Орхидеи

Орхидеите се познати како чувствителни растенија, но ако следите одредени правила, брзо ќе научите што им треба за да бидат здрави и големи. Им треба индиректна светлина, но не многу наводнување. Грижата за нив зависи и од видот, па затоа информирајте се добро пред да ги купите.

извор: Кафепауза

To top