Радио Милева Шпекулациите продолжуваат

Игор Којиќ бара половина од имот на Северина, а причината е бизарна?!

Игор Којиќ бара половина од имот на Северина, а причината е бизарна?!

Како што пишува еден српски таблоид, Игор Којиќ е сè поочаен поради бракот со Северина, кој очигледно не функционира како порано.

Наводно, тој се плаши дека таа ќе ги достави документите за развод, па нашол начин да ја спречи – ќе побара половина од имотот што го стекнале во брак!

– Игор очајно сака да го спаси бракот, па затоа смета дека ќе успее во тоа доколку и се закани на Сева дека ќе и одземе половина од се’ што имаат стекнато – започнува изворот и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Тој ќе изјави дека работел за неа како менаџер, и дека поседува и станови, автомобил, како и заштеди што пејачката има. Тој навистина ги договори нејзините настапи и учествуваше во изработката на неколку албуми, но Севе од друга страна не знае што да прави. Таа е многу очајна и тажна, поврзана е со Игор, но факт е дека кај нив не е се’ како што треба и дека не можат да најдат начин да го решат проблемот. Таа се надева дека со тек на време сè ќе се смири, а Игор не е трпелив и затоа сè му се случува во главата. Сепак, ова само може да го отежни нивниот однос – заклучува изворот за таблоидот.

Јавноста во последно време многу шпекулираше за развод на славната двојка, а тие ниту ги негираат ниту ги потврдуваат наводите на медиумите дека се разведуваат. Останува да видиме како ситуацијата ќе се развива понатаму…

To top