Живот и Стил

Годинава социјална дистанца и со Дедо Мраз (Фото)

Годинава социјална дистанца и со Дедо Мраз (Фото)

Како што пишуваат светските медиуми, за разлика од вообичаената новогодишна слика малите повеќе нема да можат да седат во скутот на Дедо Мраз, туку ќе му ги соопштат новогодишните желби од далечина и преку пластична бариера.

Барем така се вели дека ќе мора да биде годинава. Тоа малку ќе биде тешко за помалите и за сите оние кои со нетрпение го очекуваат познатиот дедо само за да го гушнат, бидејќи нели тој им носи новогодишни подароци и им ги исполнува сите желби, ама… Социјалната дистанца е задолжителна и неа мора да ја почитуваат сите – од најмалите до најстарите, па и најсаканиот дедо на светот, Дедо Мраз.

Меѓу сите детски желби, а и оние на возрасните веројатно една ќе биде заедничка: здравје и сето ова со ковид 19 пандемијата што побргу да помине, за догодина децата одново да можат да гу гушнат најсаканиот дедо. Најголемата желба на сите нас до Дедо Мраз.

To top