Радио Милева како браќа... и на земјата и на небото

Ѓулкица, ќерката на Синан Сакиќ: „Татко ми мора да е среќен кога го виде својот ‘брат’ Џеј во небесната кафеана“ (ФОТО)

Ѓулкица, ќерката на Синан Сакиќ: „Татко ми мора да е среќен кога го виде  својот ‘брат’ Џеј  во небесната кафеана“ (ФОТО)

Покојната фолк легенда, пејачот Синан Сакиќ му беше најдобар пријател на Џеј. Ќерката на Синан Сакиќ, Ѓулкица, била меѓу последните што се слушнала со пејачот на 25 ноември.

„Џеј му беше како брат на татко ми, обајцата беа како да се исткаени од иста душа. По татко ми, Џеј беше најемотивниот пејач. Тој е единствениот човек што можам да го споредам со тато. Џеј беше толу многу голем, а толку обичен и приземен. Многу добро знаеше од каде е и како стигнал дотаму, затоа и ги чуваше своите деца. Тој ги научи моите деца на најсмешните песни, кои и јас не ги разбирав. Среќна сум за татко ми,  му дојде неговиот брат. Можам да замислам каква радост беше тоа кога татко ми го виде својот брат во небесната кафеана“ – фигуративно со емоции раскажала Ѓулкица.

„Во таа кафеана нема корона и се пее. Немаат кој да им додева над глава, сè е неограничено. Легендите ќе живеат во нас, и тие блескаат сега на небото. Џеј е една од причините што ја напуштив земјата. Бев во лоши односи со сите во семејството и тој седна со мене една вечер и разговараше. Некои го потценија, но не знаеја дека тој точно знае кој што мисли за него – вели Ѓулкица Сакиќ за српски Курир.

 

To top