Денеска ви претставуваме еден рецепт за вкусни колачиња кои морате да ги пробате оваа зима.
Потребни состојки:
– 1 шолја просеано брашно
– 2/3 шолја шеќер
– 1/3 шолја какао
– 110 гр. путер
– 1 жолчка
– 2 лажици млеко
– 100 гр. крупно сецкани печени лешници
– 1 белка од јајце
Полнење:
– 100 гр. лешник-карамела
– 1 лажица млеко
– 50 гр. чоколадо
Начин на припрема:
1. Во еден сад ставете ги омекнатиот путер, шеќерот, жолчката, млекото, брашното и какаото. Измешајте малку со миксер без да го вклучите, за да не се разлета брашното, а потоа вклучете го и измешајте ги состојките. Завршете со мешање со раце.
2. Ставете го садот во фрижидер да отстои околу 30 минути. Ако сакате да го оставите подолго да стои, тогаш покријте го со фолија.
3. Обликувајте топчиња во големината што ја сакате.
4. Ставете хартија во тавата за печење. Изматете една белка од јајце со вилушка, па извалкајте го секое топче во белката, па во лешниците и редете ги во тавата за печење.
5. Во секое топче направете мала вдлабнатина со прст, рачката на лажицата или мало сукало. Печете во загреана рерна на 180 Целзиусови степени, 15 минути, а потоа оставете да се изладат.
6. Растопете ги карамелата и млечното чоколадо. Додајте млеко во карамелата и ставете ја во микробранова печка, додека не се стопи. Направете го истото и со млечното чоколадо, а потоа оставете ги и тие да се изладат. Доколку немате микробранова печка, истото можете да го направите и на пареа.
7. Наполнете ги колачињата со преливот.
8. Оставете филот да се стегне, а потоа уживајте во совршениот вкус.
извор:точка.ком.мк